Jавна дискусија за новиот закон за државната управа
Министерството за јавна администрација денеска организира јавна стручна дискусија за новиот Нацрт-закон за организација и работа на органите на државната управа (ЗОРОДУ), на тема „Новата архитектура на државната управа – принципи, надлежности и функционалност“.

Оваа јавна дебата е насочена кон отворање стручна расправа за предложените законски решенија, кои треба да донесат суштински реформи во воспоставувањето на појасна, посовремена и поефикасна рамка за организацијата и функционирањето на државните институции
Mинистерот за јавна администрација Горан Минчев ќе даде политичко-стратешки осврт на реформата на јавната администрација, а предвидена е и стручна презентација на тема „Клучни решенија и новини во Нацрт-законот за организација и работа на органите на државната управа“, што ќе ја одржи доц. д-р Константин Битраков од Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје.
Во рамки на настанот ќе се одржи и панел-дискусија на која ќе учествуваат професорите Борче Давитковски, Тања Каракамишева-Јовановска и Драган Гоцевски.