Глобалнен самит во Сеул

Андоновски: Вештачката интелигенција достапна за сите

21.10.2026 10:23

Пристапот до алатките со вештачка интелигенција не смее да зависи од економската моќ на државите и приходите на семејствата. Ова е пораката од Глобалниот самит за вештачка интелигенција и дигитализација во Сеул, каде што Македонија ја претставува проектот „Везилка“, преку кој се развиваат јазични модели и податочни збирки на македонски јазик.

Пристапот до алатките со вештачка интелигенција треба да биде достапен за сите, без оглед на економската моќ на државите и приходите на семејствата. Ова е пораката од учеството на Глобалниот самит за вештачка интелигенција и дигитализација во Сеул, каде што беше истакната потребата од бесплатни алатки за образование и развој на вештини, поддршка за малите бизниси и меѓународна соработка.

Преку проектот „Везилка“, Македонија се поврзува со европските суперкомпјутерски ресурси, се поддржуваат практични решенија засновани на вештачка интелигенција и се развиваат јазични модели и податочни збирки на македонски јазик.

Во рамки на самитот се предвидени и билатерални средби со претставници на Светска банка, Република Кореја и министри од други земји, со цел продлабочување на соработката. Крајната цел е поголем број граѓани и компании да добијат можност да учат, да создаваат и да се развиваат со помош на новите технологии.