Градска библиотека „Браќа Миладиновци“

Вечерва, книжевен настан посветен на книгата „Македонци – сведоштва за еден идентитет (1453 – 1944)

21.10.2026 10:37

Настанот е посветен на книгата како чувар на колективната меморија, историското наследство и идентитетот, потсетувајќи нè на значењето на сведоштвата и документите во зачувувањето на историската вистина и културната самобитност.

ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје вечерва организира книжевен настан посветен на книгата „Македонци – сведоштва за еден идентитет (1453 – 1944), том 2“ од авторот Бранислав Светозаревиќ Покорни, организиран во чест на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.

Настанот е посветен на книгата како чувар на колективната меморија, историското наследство и идентитетот, потсетувајќи нè на значењето на сведоштвата и документите во зачувувањето на историската вистина и културната самобитност.

Во рамки на програмата се предвидени поздравно обраќање, читање на извадоци од книгата, како и обраќања на проф. д-р Стојко Стојков, проф. д-р Михајло Миновски и проф. д-р Тодор Чепреганов. Настанот ќе заврши со авторско обраќање на Бранислав Светозаревиќ Покорни.