Повеќемина од новоназначените комесари ќе треба да полагаат поправен испит

04.10.2014 17:13

По една недела на маратонски сослушувања, вкупно 21, повеќемина новоназначени еврокомесари ќе мораат да поминат на поправен испит, пред да бидат потврдени од европратениците, ситуација која е одраз на политичките поделби во Европскиот парламент. Претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц со писмо го информира претседателот на Комисијата Жан-Клод Јункер кои од неговите комесари не успеаа да ги убедат европратениците на усниот испит...

Европратениците ветија и тоа го исполнија, дека сослушувањето на новоназначените еврокомесари ќе биде ригорозно и дека нема да има попуштања. Односно дека тие ќе ги судат само по нивните квалитети и познавања. Но кога ќе се погледне на една недела на сослушувања, можеме да заклучиме дека тие се претворија во политичка конфронтација меѓу главните политички групи во Европскиот парламент. Европратениците од Народните партии, Социјалистите и Либералите ја имаа улогата „лоши“ со комесарите кои доаѓаа од спротиставениот политчки блок, за полесно да ги заштитат своите.

Судбината на Мигуел Ариас Кањете задолжен за енергија останува неизвесна. Социјалистите не го испочитуваа договорот со Народните партии и отворено го нападнаа поради неговото учествои тоа на неговото семејство во нафтената индустрија конфликтот на интереси. Отако својата изјава ја измени непосредно пред сослушувањето.

Другиот ден Народните партии им вратија со французинот Пјер Московиси задолжен за  економски и финансиски работи, тој плаќа за неговото членство во владата на Франсоа Оланд, тој ја доби поддршката само од групата на социјалистите. А за критиката се погрижи францускиот европратеник од редовите на УМП, Алан Ламасур.

Европратениците го ставија на тапет и британецот Џонатан Хил задолжен за финансиската стабилност, тој доби 23 додатни прашања, кои се однесуваат на неговата политичка визија врз досијата, откако не одговори за Евробонд- обврзниците за заеднички европски долг, како и прецизна листа на клиенти за кој работел во минатото.

Уште двајца други кандиати, Вера Јуров од Чешка задолжена за правда, потрошувачи и еднаквост на половите и унгарскиот комесар за образвование, култура и граѓанство Тибор Наврацсис. Тој е обвинет за блискост со Виктор Орбан, бидејќи бил креатор на неговата политика на задушување на слободите. Од Јункер европратениците бараат да ја појасни неговата позиција, во однос на законот за медиуми во Унгарија дали тој ја загрозуваат слободата на печатот, или напротив, тој е во целост во согласност со европските вредности. Европратениците исто така бараат од унгарскиот кандидат официјално а се ја осуди политката на реформи на унгарската влада и да се дистанцира од неговата партија Фидесз, владата и премиерот.

Вера Јурова од своја страна  доби 34 додатни прашања од нејзиниот ресор, и како таа ќе успее да одговори на толку многу широк ресор.

Следува сослушувањето на Аленка Братушек од Словенија, која се самопрогласи кандидат и нејизното слабо познавање на заедничкиот енетгетски пазар, што може да доведи до нејзино отфрлање.

Официјално остануваат уште два дена за сослушувања, но актуелната ситуација може да доведе до продлжувања. Од понеделник на испит ќе бидат сите заменици претседатели на Комисијата. Јункер преку својот порт-парол изјави дека е задоволен од неговите кандидати за нивните европски убедувања и познавањето на досиата.

Дали есклацијата на сослушувањата ќе продолжи, одговорот ќе го знаеме во текот на идната недела. Да постетиме само во минатото се случувало да бидат заменети ресорите на назначените комесари во текот на процедурата на сослушување, па дури и да бидат заменети со други од нивната матична земја.

 

Тони Гламчевски