МВР
Претрес во струмичко, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице
21.10.2026 11:07
Известен е јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава...

Вчера во 17:30 часот во село Старо Балдовци, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода Б.А.(25) од истото село.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени тегла исполнета со марихуана и ќесе со гранки од растението канабис.
Известен е јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.
