Панел-дискусија

Дигитализација на приватниот сектор – предизвици и можности

21.10.2026 12:16

Како да се забрза дигиталната трансформација на македонските компании, каква поддршка им е достапна и на кој начин можат да обезбедат финансии за технолошки развој? Овие прашања ќе бидат во фокусот на панел-дискусијата „Предуслови и предизвици за забрзана дигитализација на приватниот сектор“

Панел-дискусија „Предуслови и предизвици за забрзана дигитализација на приватниот сектор“, која ќе ги обедини клучните институции, организации и експерти кои имаат значајна улога во процесот на дигитална трансформација на македонските компании.

Целта на настанот е на едно место да ги обедини релевантните чинители од екосистемот за дигитализација и да понуди практични одговори на прашањата: каде се наоѓа денес приватниот сектор во процесот на дигитална трансформација, каква поддршка е достапна, како може да се финансира дигитализацијата и кои се следните чекори за компаниите кои сакаат да го забрзаат својот развој.

Во рамки на настанот ќе се дискутира за националните политики и мерки за поддршка на дигитализацијата, улогата на технолошките и иновациските центри, придонесот на ИКТ секторот, како и за финансиските инструменти што им стојат на располагање на компаниите. Посебен акцент ќе биде ставен на конкретни примери, практични искуства и можности за поддршка на бизнисите. На настанот ќе присуствуваат претставници на институции, компании, деловни асоцијации, организации за поддршка на бизнисот и медиуми, со цел да се поттикне поширока дискусија за практичните чекори и можностите за забрзување на дигиталната трансформација во земјата.

Настанот има за цел да придонесе за подобро поврзување на компаниите со институциите и организациите што обезбедуваат поддршка и да поттикне конкретни инвестиции и проекти за дигитализација во приватниот сектор.