Албанија

Уште една ноќ со масовни демонтрации во Албанија против високите трошоци за живот

21.10.2026 10:21

На осмиот ден од протести, хаосот не стивнува, полицијата беше нападната со камења, возврати со солзавец и водени топови...

Помина уште една ноќ со масовни демонстрации во Албанија против високите трошоци за живот. На осмиот ден од протести, хаосот не стивнува, полицијата беше нападната со камења, возврати со солзавец и водени топови.

За денеска и универзитетските професори најавија бојкот на наставата. Се бара оставка од премиерот Еди Рама.