Кривичен суд

Продолжува рочиштето за случајот „Државна лотарија“

21.10.2026 10:56

Во Кривичниот суд, продолжува рочиштето за случајот „Државна лотарија“, во кој второобвинет е ексвицепремиерот артан Груби. Вчерашното судење повторно се одложи, овојпат поради отстуствата на сведок, предложен од обвинителството и на одбраната.

Груби изјави дека за сведоци во суд ги предложил сите министри присутни на владината седница на 6-ти јуни 2023 година со која тој раководел, а на која била донесена одлуката да се набават спорните терминали за Државна лотарија во вредност од 9,7 милиони евра.

На сите обвинети во предметот „Државна лотарија“ им се става на товар кривичното дело злоупотреба на службена положба и овластување, што, како што се тврди во обвинителниот предлог, ги сториле во 2023 и 2024 година.

Пропишаната казна за овие кривични дела е од една до пет години затвор. Адвокатите и обвинетите цело време тврдат дека од оваа јавна набавка штета нема, затоа и обвинителeтвото не побарува штета во овој предмет.