Мелони најави нови безбедносни мерки за сузбивање на насилните протести
Владиниот декрет предвидува распоредување на дополнителни 500 војници во Милано до крајот на годината...

Италијанската премиерка Џорџа Мелони најави нови безбедносни мерки насочени кон сузбивање на насилните протести, при кои за време на викендот во централната трговска зона во Милано беше причинета штета од еден милион евра. Владиниот декрет предвидува распоредување на дополнителни 500 војници во Милано до крајот на годината.
„Млади луѓе дојдоа на плоштадот за да кршат, крадат и да се снимаат додека го прават тоа. Ова е феномен со кој мора сериозно да се зафатиме, исто така и за да спречиме овие слики да станат модел што другите ќе го имитираат“, изјави Џорџа Мелони, премиерка на Италија.
Со владиниот декрет се воведува ново кривично дело, „насилно учество во демонстрации“. Сторителите се соочуваат со казна затвор до пет години и парична казна во износ до 20.000 евра, при што казните се зголемуваат доколку дојде до повреда на некое лице.
