Случај „Пулс“

Продолжува судењето за дискотеката „Пулс“

21.10.2026 12:46

Во Кривичниот суд во Скопје денеска продолжува судскиот процес за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, со испрашување на градежниот вештак Петре Русески.

Во Кривичниот суд во Скопје денеска продолжува судскиот процес за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, со испрашување на градежниот вештак Петре Русески. Во трагедијата на 16 март 2025 година загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.

Во пресрет на рочиштето, родителот на една од жртвите, Александар Наунов, порача дека семејствата очекуваат фактите и доказите да бидат темелно разгледани, без нивно селективно толкување. Тој ја поддржа работата на Јавното обвинителство и посочи дека претходното вкрстено испрашување на вештакот отворило сериозни прашања за неговиот исказ.

Русески, кој изработил вештачење за првообвинетиот Дејан Јованов и уште двајца обвинети, на минатото рочиште тврдеше дека објектот од градежен аспект одговарал на намената и дека изведените работи биле градежно-занаетчиски. Обвинителството, меѓу другото, ги оспоруваше опфатот на вештачењето и безбедносните аспекти на објектот.

Постапката се води во судницата во затворот „Идризово“, под раководство на судијката Дијана Груевска-Илиевска. Обвинението го застапуваат 15 јавни обвинители.