Остри реакции од Лондон и Вашингтон за егзекуцијата на Хенинг!
Британецот Хенинг, кој се приклучил во хуманитарниот конвојот за Сирија како возач, по што веднаш по преминувањето на границата со Турција беше киднапиран, е четвртата жртва од Западот на борците на Исламска држава...

Остри реакции од Вашингтон и Лондон по егзекуцијата на британскиот хуманитарец Алан Хенинг од страна на џихадистите. И претсдателот Обама и премиерот Камерон со став дека се цврсто решени заедно со партнерите да дејствуваат за целосно уништување на Исламска држава.
„Убиството на Алан Хенинг е апсолутно одвратно, бесмислено и сосема непростливо. Секој што можеби се сомневаше, сега знае за каква варварска организација станува збор. Ние мора се сториме да ги фатиме луѓето одговорни за ова убиство“, изјави британскиот премиер Дејвид Камерон.
На последната видео снимка на која Исламска држава и ја презема одговорноста за убиството на Хенинг, маскираниот џихадист се заканува дека следен заложник кој ќе биде ликвидиран е 26 годишниот американец Питер Кесинг. Од Белата куќа потврдија дека поранешниот војник Кесинг е во рацете на Џихадистите. Претходно, освен сопругата на Хенинг и десетици муслимански водачи во Велика Британија апелираа тој да биде ослободен.
„Тоа е шок. Не можам да поверувам. Мислевме дека со притисок од медиумите, тие ќе го ослободат, бидејќи експлицитно беше кажано дека тој не е на ничија стана, тој е само пристоен искрен работник“, велат соседите на Ален Хенинг.
„Доста е веќе. Тој само си ја вршеше својата работа, но очиглено тие луѓе немаат срце, не се човечни...“, додаваат соседите.
Британецот Хенинг, кој се приклучил во хуманитарниот конвојот за Сирија како возач, по што веднаш по преминувањето на границата со Турција беше киднапиран, е четвртата жртва од Западот на борците на Исламска држава.
Претходно на интернет беа лиферувани уште три видео снимки, со обезглавуањето на двајца американски новинари и уште еден британец.
Маја Стојанова
