МВР

Акциска контрола во Куманово, пронајдено оружје за светлосно – звучна сигнализација, лишено од слобода едно лице

21.10.2026 14:23

Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Вчера во 14:20 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Љ.М.(63) од Куманово, соопштија од МВР.

При акциска контрола, спроведена согласно претходно изготвен план за реализација, во содејство со Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ и Одделот за граѓански работи при МВР, во деловен простор кај Љ.М. биле пронајдени 28 пиштоли за светлосно – звучна сигнализација за кои не поседувал дозвола.

Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.