Струмица

Селска депонија кај Еднокуќево ја зачади струмичката котлина

21.10.2026 18:50

Пожар на селска депонија ја зачади струмичката котлина. Пожарот претпладнево беше ликвидиран и затрупан со земја. Од здрава котлина чиј претставник излезе да протестира пред општинската зграда побараа решевање на овој проблем …

Пожарот на селската депонија кај Еднокуќево е изгаснат а критичните жариште потрупани со земја. Цела вечер жителите од оваа и околните населени места се задушуваа во чад и непријатна миризба. Денеска на терен освен пожарникарите интервенираше и градежна механизација. Градоначалникот Ристо Манчев се сомнева дека пожарот бил подметнат.

Еко активистот Стојан Велков Трн денеска во 5 до 12 излезе да протестира пред општината. Побара локалните власти да најдат решение за зачестените пожари на депониите во Општина Босилово и нивна санација.

Во струмичко секое село има своја депонија каде се фрла секаков отпад. Од градежен шут, земјоделски отпад и пластика па се до покуќнина и претставуваат проблем за општинита.

Ване Трајков