Уставен суд

Резолуцијата за осуда на манипулациите на опозицијата искажува политички став за одредени прашања, констатираа уставните судии

21.10.2026 17:32

Уставниот суд едногласно ја отфрли иницијативата на СДСМ, со која се оспоруваше донесената резолуција во Собранието, за миграцијата. Документот не е нормативен акт со кој се воспоставуваат права и обврски, туку само законодавниот дом искажува политички став за одредени прашања. Уставните судии се согласија дека иако се работи за резолуција, тоа не значи дека не потпаѓа под јурисдикција на Уставниот суд.

Уставните судии едногласно ја отфрлија Иницијативата на СДСМ, со која се оспорува донесената резолуција за миграцијата. Документот не претставува нормативен акт со кој се уредуваат општествени односи и се воспоставуваат права и обврски, туку само акт преку кој законодавниот дом искажува политички став за одредени прашања. Ова го констатираа уставните судии, кои сепак се согласија дека иако се работи за резолуција, тоа не значи дека не потпаѓа под јурисдикција на Уставниот суд.

Од СДСМ како подносител на иницијативата наведуваат дека оспорената Резолуција за мигрантите е противуставна, бидејќи ја задушува слободата на мислата и се осудува наративот на критика, претставувајќи го како лажен и манипулативен.

Резолуцијата за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција, поднесена од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, Собранието ја донесе лани на 17 декември. Со документот децидно се потврдува дека во земјата ниту било побарано, ниту е договорено или ќе биде дозволено отворање или воспоставување мигрантски кампови и прифатни центри.

Милчо Велески