Реформа

Нови правила во јавната администрација

21.10.2026 17:14

Фрагментирана и оптоварена со институционални надлежности, јавната администрација веќе две децении функционира без јасна одговорност. Стручна дебата за новите правила за организација на државните институции. Експертите предупредуваат дека не може да се примени единствен модел за сите земји.

Фрагментирана, распарчувана и претворана во мозаик од институционални феуди, јавната администрација веќе две децении е во дисфункционалност, каде граѓаните наидуваат на кренати раменици од секој орган, без никој да преземе одговорност.

Ресорниот министер Минчев на дебатата со објаснување за оправданоста на носењето на законот. Секоја политичка криза, секој партиски договор во минатото, се плаќаше со создавање нови агенции, паралелни дирекции и непотребни комисии кои постоеја сами за себе, трошеа народни пари, а не одговараа пред никого, додаде Минчев.

Зошто е потребата од нови правила, посочи во своето излагање универзитетскиот професор Битраков. Невозможна е една унифицирана форма според европските барања, уверува професорот Давитковски. Предупредува дека секоја земја има специфики.

Областа на уредувањето, структурата и функционалноста на државната управа беше регулирана за првпат со законот од 2000 година, застарените одредби беа коригирани во 2019 и потоа во 2024 година.

Предлог-законот ќе треба да биде донесен со двотретинско мнозинство.

Фиљана Кока