Мицкоски утре на Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора
На главната сесија, Мицкоски ќе ги претстави македонските ставови и можностите за унапредување на економската соработка, безбедноста, конкурентноста и европските интеграции.

Економското поврзување на Западен Балкан, регионалната безбедност и забрзувањето на интеграцијата во Европската Унија ќе бидат во фокусот на Самитот на Берлинскиот процес, на кој утре во Свети Стефан, Црна Гора, ќе учествува премиерот Христијан Мицкоски.
Според информациите од владината прес-служба, на самитот, кој е завршен настан на црногорското претседавање со Берлинскиот процес, ќе учествуваат лидерите од Западен Балкан, како и германскиот канцелар Фридрих Мерц.
На главната сесија, Мицкоски ќе ги претстави македонските ставови и можностите за унапредување на економската соработка, безбедноста, конкурентноста и европските интеграции.
Берлинскиот процес е регионална иницијатива чија цел е зајакнување на соработката меѓу земјите од Западен Балкан и нивно приближување кон Европската Унија.
