МВР

Десет возачи лишени од слобода за безобѕирно управување, седум возеле без возачка дозвола

21.10.2026 18:28

Седум од нив возеле без положен возачки испит, двајца и покрај активна забрана за управување, а еден под дејство на алкохол, информира Министерството за внатрешни работи.

Десет возачи биле лишени од слобода во изминатото деноноќие поради безобѕирно управување со моторно возило. Седум од нив возеле без положен возачки испит, двајца и покрај активна забрана за управување, а еден под дејство на алкохол, информира Министерството за внатрешни работи.

Од МВР соопштуваат дека возачите биле лишени од слобода на различни локации во државата поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“, предвидено во член 297-а од Кривичниот законик.

По целосно документирање на случаите, против возачите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите, да не управуваат возило без положен возачки испит, со изречена забрана или под дејство на алкохол.