Стивнува болеста „син јазик“

04.10.2014 17:30

8.000 овци угинале и околу 35.000 се заразени од болеста син јазик, но бројот на заболени животни се намалува тврдат надлежните. Ветеринарни инспектории натаму се терен и вршат дезинсекција. За ова државата одвои 18 милиони денари.

„Сите сточари од Македонија за 2014 година ќе бидат ослободени од пашарина и секако втората мерка е за секое угинато животно да ги добијат субвенциите кои се предвидени за 2014 година“, изјави Михаил Цветков.

За заразата нема лек, само превентивните мерки би го заштитиле добитокот. Животните кои еднаш ја прележале болеста не можат повторно да ја добијат. Со падот на температурите се очекува и болеста да ја снема. Од агенцијата за храна и ветеринарство повторуваат дека вирусот не ги напаѓа луѓето, а млекото и месото во малопродажба се безбедни.

„Она што може да се направи сега е да се направат подготовки ако евентуално болеста се појави идната година. Не можеме да бидеме сигурни, затоа мора да се преземат соодветни мерки за превенција“, вели Дејан Рунтевски.

Покрај овците со син јазик се заразени и 80 кози и неколку говеда. Кон средината на август за прв пат во Македонија се појави оваа болест која најмногу ги погоди источните делови на земјава. Заразата ја пренесуваат мушички кои преку Грција и Бугарија стигнаа во Македонија. Синиот јазик не ги одмина ни Србија и Босна.

Викторија Тодоровска