Планината и височините како предизвик

25.12.2013 12:37

Како др. Сашко Кедев искачувајќи ги највисоките континентални врвови ја заокружи исклучително предизвикувачката своја спортска цел?

Во вечерта насловена „Интонација на 7-те светски врвови“ посветена на исклучителниот дострел , др. Кедев направи извонредна презентација на својот потфат. Иако, во доцните години се соочи со комплексноста на високо горското планинарство за многу кусо време стана единствениот Македонец кој го поставил македонското знаме на седумте највисоки точки на секој континент.

„Се започна со мојата љубов за природата и уживањето во преубавите македонски планини, кои направија да ја засакам својата земја уште повеќе, но и да го сфатам значењето на височините.“- ја открива др. Кедев својата мотивација на  посветеноста  на медицината да придодаде нов, многу поинаков животен предизвик.

Проектот „Седумте светски врвови“  е завршен со следниве дострели:

Аконкагва (Јужна Америка)  6962 метри

Мек Кинли (Северна Америка) 6118 метри

Килиманџаро (Африка)  5885 метри

Елбрус (Кавказ- Европа)  4741 метар

Карстенс Пирамид (Австралија-Азија) 4884 метри

Антарктика (Јужен пол)  4897 метри

Монт Еверест (Азија) 8848 метри

„Монт Еверест е нешто посебно, многу комплексно и предизвикувачко. Потребна беше совршена подготвеност и логистика за да се стигне до врвот. Еверест , планинарењето  ми го сменија животот. Како што се искачував што повисоко, така доаѓав до нови сознанија за животот, за минорноста на човекот наспроти планината и природата“- вели др. Сашко Кедев.