Прилеп
Пензионерите бараат линеарно покачување и нов закон
21.10.2026 19:57
Линеарно покачување на пензиите и нов закон. Тоа е уставно и правно издржано, порачаа претставниците на иницијативите одбори на пензионерите од повеќе градови од Македонија на денешниот протест во Прилеп ...

Бараме линеарно зголемување на пензиите и тоа не е противуставно, порачаа претставниците на иницијативните одбори на пензионерите од Македонија на денешниот протест во Прилеп. Сите услови за пензија, разликите, се вреднувани во основата за пензионирање.
Пензионерите аргументираат дека без разлика на пензијата, сите се соочени со исти трошоци на живот. Процентуалното зголемување нема правна основа и бараат нов Закон за пензии.
Пензионерите бараат оставка и на актуелната претседателка на Здружението на пензионери на Македонија, Станка Трајкова. Во Македонија се преку 240.000 пензионери.
Елизабета Митреска
