Штип

41. издание на „Макфест“ на 30 и 31 октомври

21.10.2026 21:03

Последни подготовки за 41. издание на фестивалот на забавни мелодии „Макфест“, што ќе се одржи на крајот на месецов. Македонската забавна музика на големата сцена со 27 нови изведувачи и композиции. Штип домаќин на фестивалот што продуцира нови хитови и имиња.

27 изведувачи на сцената, со 27 нови композиции ќе ја збогатат забавната музичка продукција во земјава. По 41 пат, во Штип ќе се одржи фестивалот на забавна музика „Макфест“. Песни шарени во сите стилови, сите ќе уживаат, вели уметничкиот директор Саздов.

Првата вечер е од натпреварувачки карактер, од 15 композиции кои ќе бидат изведени, 6 ќе влезат во финалната вечер. Во тек се последните подготовки.

Како домаќин на Макфест, Штип има четири децениска традиција, но и годинава со предизвик да се покаже во најдобро светло.

„Макфест“ е главен македонски поп и забавен музички фестивал кој традиционално се одржува од 1986 година. Тој претставува музички бренд и симбол на македонската култура, чија главна цел е да ја негува авторската песна, да промовира нови музички имиња и да создава трајни хитови.

Наташа Јанчиќ - Менковски