Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
Наместа врнежите ќе бидат поројни проследени со појава на грмежи. По одделни котлини ќе има услови за утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено попладне и во текот на ноќта. Наместа врнежите ќе бидат поројни проследени со појава на грмежи. По одделни котлини ќе има услови за утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 13, а максималната ќе достигне од 19 до 24 степени.
Во Скопје, променливо облачно, попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината врнежите ќе бидат поројни, проследени со грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
