Премиерот Мицкоски на Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора
Мицкоски денеска учествува на Самитот на Берлинскиот процес, кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора. Во фокусот на разговорите ќе бидат економското поврзување на регионот, безбедноста и забрзувањето на интеграцијата во Европската Унија.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска учествува на Самитот на Берлинскиот процес, кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора. Во фокусот на разговорите ќе бидат економското поврзување на регионот, безбедноста и забрзувањето на интеграцијата во Европската Унија.
Самитот е завршен настан во рамки на црногорското претседавање со Берлинскиот процес. Покрај лидерите од Западен Балкан, на собирот учествува и германскиот канцелар Фридрих Мерц, кој ја поддржува интеграцијата на регионот во Европската Унија.
Пред почетокот на самитот, според најавата од владината прес-служба, предвидени се кратки изјави за медиумите. На главната сесија, премиерот Мицкоски ќе ги презентира македонските можности и ставови во однос на економијата, безбедноста, европските интеграции и конкурентноста на регионот.
