Собрание

Во Собранието дебата за измени на Законот за народниот правобранител

22.10.2026 09:01

Канцеларијата на Народниот правобранител, со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Канцеларија на Постојаниот координатор на Обединетите нации во Република Северна Македонија денеска во Собранието организира дебата за потребата од измени и дополнувања на Законот за народниот правобранител...

Канцеларијата на Народниот правобранител, со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Канцеларија на Постојаниот координатор на Обединетите нации во Република Северна Македонија денеска во Собранието организира дебата за потребата од измени и дополнувања на Законот за народниот правобранител.

Како што информираат од Омбудсманот, дебатата ќе ја отворат претседателот на Собранието, Африм Гаши, народниот правобранител, Фатон Сељами, амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Н.Е. Килијан Вал, амбасадорот на Европската Унија во Република Северна Македонија, Н. Е Михалис Рокас и постојаната координаторка на Обединетите нации во Скопје, Рита Колумбија.

Народниот правобранител на крајот на дискусијата ќе ги презентира заклучоците и следните чекори.