Македонското малцинство нема да гласа на предвремените парламентарни избори во Бугарија

04.10.2014 17:43

Партиите кои истрчуваат на овие избори, констатира Стојков, се со истрошени стари кадри и познати политики, па сега не веруваат дека истите тие ќе станат успешни и ќе ја подобрат состојбата во земјата...

Македонското малцинство нема да излезе на гласање на утрешните предвремени парламентарни избори во Бугарија. Ваквата одлука ја донело раководството на ОМО Илинден Пирин – вели во изјава за МРТ претседателот Стојко Стојков.

Партиите кои истрчуваат на овие избори, констатира Стојков, се со истрошени стари кадри и познати политики, па сега не веруваат дека истите тие ќе станат успешни и ќе ја подобрат состојбата во земјата.

„Ниту една од партиите немаат став кој ќе дава надеж дека ќе се промени состојбата на Македонците во Бугарија, како и за подобрување на односите меѓу Македонија и Бугарија“, вели Стојков.

Дали ова не значи дека Македонците во Бугарија се откажуваат од институционалната битка за остварување на основните права?

„Ние не се откажуваме од институционална битка, нас едноставно не не регистрираат, не ни допуштаат таква битка“, нагласува Стојков.

Стојков констатира дека претходната влада се преставила  во неубаво светло за краткиот мандат. Фаоворитот на изборите, Бојко Борисов, е најмалку лошото што може да и се случи на Бугарија, коментира претседателот на ОМО Илинден Пирин.

 

Миле А. Ристески