Собрание

Почнува амандманската расправа за ребалансот на Буџетот

22.10.2026 10:19

Комисија за финансирање и буџет денеска почнува амандманската расправа за вториот ребаланс на Буџетот за 2026 година. Поднесени се повеќе од 120 амандмани од овластените предлагачи.

Во собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска почнува амандманската расправа за вториот ребаланс на Буџетот за 2026 година. Поднесени се повеќе од 120 амандмани од овластените предлагачи.

Со новата проекција, буџетските приходи се намалуваат за 5,3 милијарди денари, на 374,2 милијарди денари, а расходите за истиот износ, на 420,5 милијарди денари. Буџетскиот дефицит останува 46,3 милијарди денари, односно 4,1 процент од БДП.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска објасни дека намалувањето на приходите главно се должи на пониските очекувања од акцизите, поради намалувањето на акцизите на бензините и дизелот. Намалени се и неданочните приходи и донациите.

На расходната страна се предвидени помали издвојувања за стоки и услуги, субвенции и капитални проекти, поради одложена реализација. Истовремено, продолжува поддршката за социјално ранливите категории, здравствените услуги и општините.

Проекцијата за економски раст останува 3,5 проценти. Министерката посочи дека целта на ребалансот е приспособување на расходите кон реализацијата, поддршка на приоритетните категории и задржување на планираниот буџетски дефицит.