Приведен 40-годишник кај Ќафасан, затекнат со околу еден килограм марихуана
Вчера во 20:50 часот, во близина на граничниот премин Ќафасан, на подрачјето на Струга, полициски службеници од Мобилниот тим „Task Force“ при Регионалниот центар за гранични работи „Запад“ – Охрид, во содејство со Полициската станица за граничен надзор Франгово, го лишиле од слобода Б.Б. (40) од Гостивар...

Вчера во 20:50 часот, во близина на граничниот премин Ќафасан, на подрачјето на Струга, полициски службеници од Мобилниот тим „Task Force“ при Регионалниот центар за гранични работи „Запад“ – Охрид, во содејство со Полициската станица за граничен надзор Франгово, го лишиле од слобода Б.Б. (40) од Гостивар, соопштија од МВР.
При преземање мерки и активности за сузбивање на недозволената трговија со дрога, лицето било затекнато со црна вреќа во која имало околу еден килограм марихуана.
За настанот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга.
По целосно документирање на случајот, Регионалниот центар за гранични работи „Запад“-Охрид ќе поднесе соодветна кривична пријава против лицето, се наведува во соопштението.
