Ракомет, Лига на шампионите

Разнишаниот Металург кај Мешков Брест, Вардар ја промовира новата сала против Чеховски Медведи

04.10.2014 16:45

Победничкиот влез во групната фаза од новата сезона во ракометната Лига на шампионите ги зголеми и онака високите очекувања од годинашните настапи на Металург и на Вардар на најголемата европска сцена. Сепак, спроти денешните втори мечеви, сосема различна е атмосферата во редовите на нашите два репрезента. 

Нашиот првак Металург замина во белорусија без Станиќ, Атман и без Вугринец, со што уште повеќе се продлабочи кризата во редовите на клубот од Автокоманда предизвикана од нередовноста во исплатата на платите. Некои играчи се веќе на излезна врата, во меѓувреме се шпекулира со влез на нов силен спонзор во клубот, па во еден таков специфичен момент „металурзите“ ќе излезат на теренот на ривалот од регионалната СЕХА. Преостанува да се види дали нарушената клима ќе влијае и на конечниот епилог. Завчера Кил ја совлада Ла Риоха со 34-32, а во последниот меч од групата А утре ќе се судрат Пари Сен Жермен и Загреб.

Во меѓувреме, вицепрвакот Вардар во безмалку празнична атмосфера од 19 часот ќе го пречека руски Чеховски Медведи, на промоцијата на новоизградената сала „Јане Сандански“. По гостинскиот триумф над Целје, којшто над 90 проценти беше заслуга на голманот Арпад Штербик, навивачката армија на „црвено-црните“ е во очекување на моќно издание во коешто Вардар ќе го потврди квалитетот и тоа против екипата чиишто членови порано беа петмина Руси, сегашни играчи на нашиот тим.. Во групата „Ц“ вечер се игра и дербито Веспрем-Рајн Некар, а утре ќе играат Монпелје и Целје.