УКРАИНА

Ракетен напад врз Киев и Днепар, има жртви и повредени

22.10.2026 12:01

Во текот на ноќта, украинската армија издаде предупредување за балистички ракети од правец на Источна Русија, а руските власти објавија дека пресретнале 160 беспилотни летала кои се движеле кон Москва.

Жртви и десетици повредени во руски ракетен напад врз Киев и Днепар. Меѓу повредените има и деца. Оштетени се куќи, автомобили, станбени и нестамбени згради. Во текот на ноќта, украинската армија издаде предупредување за балистички ракети од правец на Источна Русија, а руските власти објавија дека пресретнале 160 беспилотни летала кои се движеле кон Москва.

Нападите следуваат по вчерашниот состанок меѓу американскиот специјален претставник Стив Виткоф и рускиот претседател Владимир Путин во Санкт Петербург, еден ден по разговорите во Осло со европските лидери и украинскиот претседател Володимир Зеленски.