БЛИСКИ ИСТОК

Трамп: Војната со Иран ќе заврши „многу наскоро“

22.10.2026 13:27

Пред своите поддржувачи во рамки на изборната кампања за среднорочните избори, го нарече Ормускиот теснец, Трампов теснец.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека војната со Иран ќе заврши „многу наскоро“. Пред своите поддржувачи во рамки на изборната кампања за среднорочните избори, го нарече Ормускиот теснец, Трампов теснец.

„Ако погледнете, неверојатно е што направивме. Нашата војска е неверојатна. Имаме блокада на ’Трамповиот теснец‘. Јас го нарекувам ’Трампов теснец‘. Што мислите, како би реагирале Арапите ако го нарекувам така? Мислите ли дека би биле воодушевени? Дами и господа, па ние го променивме името на Мексиканскиот Залив. Зошто да не можеме да го промениме името на Ормускиот теснец?“, изјави Доналд Трамп, претседател на САД.

Претходно Стејт департментот објави евакуација на дел од персоналот и членовите на нивните семејства од американските амбасади во регионот на Заливот поради напади на силите на Хутите во Јемен, кои се поврзани со Иран.