ФРАНЦИЈА

Забранети демонстрации во одредени делови од Париз

22.10.2026 14:33

Забраната се однесува за собири пред Елисејската палата, на плоштадот „Бастилја“, пред двата дома на парламентот, како и во неколку туристички области, меѓу кои „Лувр“ и „Шанзелизе“.

Француската полиција забрани демонстрации во одредени делови од Париз по најавата викендов за нови протести.

Забраната се однесува за собири пред Елисејската палата, на плоштадот „Бастилја“, пред двата дома на парламентот, како и во неколку туристички области, меѓу кои „Лувр“ и „Шанзелизе“.

И координативната група на движењето „Жолти елеци“ повика на нова мобилизација во сабота. Барањата непроменети, замрзнување или ограничување на цените на горивата, справување со инфлацијата поголема демократија, како и заштита на јавните служби, поголеми инвестиции во образованието и поддршка за младите.