Регион

Банките во Албанија го нормализираат работењето по насилните протести

22.10.2026 15:11

Банкарскиот систем останува стабилен, а оштетувањата на физичката инфраструктура не влијаеле врз сигурноста на депозитите на граѓаните и компаниите, ниту врз функционирањето на финансискиот систем.

Банките во Албанија го нормализираат работењето по насилните антивладини протести, во кои беа оштетени 45 банкарски филијали и 53 банкомати. Околу 85 насто од банкарските филијали во главниот град Тирана веќе се отворени и им обезбедуваат услуги на клиентите.

Банкарскиот систем останува стабилен, а оштетувањата на физичката инфраструктура не влијаеле врз сигурноста на депозитите на граѓаните и компаниите, ниту врз функционирањето на финансискиот систем.

Протестите, предводени од студенти, продолжуваат со барања за оставка на албанскиот премиер Еди Рама, поради обвинувања за корупција и авторитарно владеење.