МВР

Приведен крадец во Велес за издржување едногодишна затворска казна

22.10.2026 15:41

Тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.

Вчера во 23:30 часот, полициски службеници од СВР Велес го приведоа Б.М.(35) од село Бузалково, велешко. Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен суд Велес за издржување на казна затвор во траење од една година за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.

Тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.