Македонија

Трајков – Зомер: Реформите бараат континуитет, координација и конкретни резултати

22.10.2026 11:51

Заменик-министерката за европски прашања Викторија Трајков се сретна со швајцарскиот амбасадор Кристоф Зомер. На средбата биле разменети мислења за напредокот на реформскиот процес, приоритетите во наредниот период и можностите за продлабочување на соработката и размената на искуства.

Заменик-министерката за европски прашања Викторија Трајков оствари средба со амбасадорот на Швајцарската Конфедерација, Кристоф Зомер, на која се разговарало за напредокот на реформскиот процес и приоритетите за наредниот период.

Трајков истакнала дека успешното спроведување на реформите бара јасна институционална одговорност, координација меѓу институциите и следење на постигнатите резултати.

На средбата биле разменети мислења и за можностите за понатамошна соработка и размена на искуства во областите поврзани со институционалниот развој и реформските приоритети.