Денешното коло нуди можна разврска за третата фаза, покрај САД и Кина уште 4 селекции конкурираат за 2 места
Претпоследното коло во втората групна фаза на С П во одбојка за жени може да ги промовира сите 6 учесници за завршната трета фаза, покрај 4 земји кои обезбедија место во завршницата. Во “Ф“ групата од 17 часот Србија се соочува со лидерот САД и со евентуална победа може уште вечерва да обезбеди пласман меѓу 6 најдобри. Американките се сигурни, но не и Бразилките, кои вечерва од 20 часот ќе играат против Русија. Во случај на победа на Србија и на Бразил, овие две репрезентации би се пласирале во следната рунда, а Русија би отпаднала од трката.

Претпоследното коло во втората групна фаза на С П во одбојка за жени може да ги промовира сите 6 учесници за завршната трета фаза, покрај 4 земји кои обезбедија место во завршницата. Во “Ф“ групата од 17 часот Србија се соочува со лидерот САД и со евентуална победа може уште вечерва да обезбеди пласман меѓу 6 најдобри. Американките се сигурни, но не и Бразилките, кои вечерва од 20 часот ќе играат против Русија. Во случај на победа на Србија и на Бразил, овие две репрезентации би се пласирале во следната рунда, а Русија би отпаднала од трката. Во другите два меча кои ништо побитно не менуваат се среќаваат Турција – Холандија и Бугарија – Казахстан.
Во “Е“ групата во 17 часот играат Д. Република и Кина која е сигурна и доколку доминиканките освојат најмалку бод, ќе бидат сигурни за завршницата. Доколку не успеат, се отвораат опции за Јапонија но само доколку тие ја совладаат Италија во вечерната програма, во која домаќинките ќе се борат за промоција меѓу 6 најдобри. Во меч за нешто подобар пласман во групата ќе играат Германија – Белгија и вечерва Хрватска – Азербејџан. МРТ ќе емитува 2 преноса од денешните натпревари, почнувајќи од 17 часот кога се среќаваат Србија – САД, а вториот е од 20 часот меѓу Хрватска и Азербејџан.
