Прилеп: Итната помош ќе добие три нови возила
Со трите нови амбулантни возила од владината набавка за службите на итната медицинска помош во земјава, прилепската ќе стигне до нормалното функционирање и брзата медицинска помош за околу 100.000 жители во прилепскиот регион. Недостасуваат медицински сестри.

Три нови амбулантни возила треба да пристигнат во прилепската Служба за итна помош. Амбулантните возила, целосно опремени, се дел од владината набавка за сите служби во земјава. Кон досегашните шест возила и две леки коли, многу ќе се подобри медицинската услуга за околу 100.000 жители во прилепскиот регион.
За граѓаните секое вложување што ќе значи навремена медицинска помош е добредојдено. Во итната служба и на болничките одделенија има лекари, ама недостасуваат медицински сестри.
За едно деноноќие, прилепската итна помош има преку 120 прегледи, над 18 теренски интервенции и барем еден транспорт на пациент на клиниките.
Елизабета Митреска
