Уставен суд

Уставниот суд на конференција за заштита на демократијата во Приштина

22.10.2026 13:32

Делегација на Уставниот суд на Република Северна Македонија, предводена од претседателот д-р Дарко Костадиновски, судиите м-р Фатмир Скендер и проф. д-р Ана Павловска-Данева учествува на меѓународна конференција...

Делегација на Уставниот суд на Република Северна Македонија, предводена од претседателот д-р Дарко Костадиновски, судиите м-р Фатмир Скендер и проф. д-р Ана Павловска-Данева учествува на меѓународна конференција на темата „Улогата на уставните судови во заштитата на демократијата и демократското функционирање на институциите“, која се одржува денеска во Приштина, Република Косово.

Претседателот Костадиновски ќе има обраќање во рамки на втората панел-сесија, со фокус на темата „Уставните судови, демократијата и владеењето на правото“, посветена на улогата на уставните судови во заштитата на демократските вредности, одржувањето на институционалниот баланс помеѓу властите и владеењето на правото.

На истата сесија, освен Костадиновски, ќе говорат и претседателот на Уставниот суд на Литванија, проф. д-р Томас Давулис, потпретседателката на Уставниот суд на Словенија, д-р Нежа Коговшек Шаламон, членот на Уставниот суд на Австрија, проф. д-р Георг Линбахер, и судијката на Уставниот суд на Босна и Херцеговина, проф. д-р Лариса Велиќ.

Конференцијата се организира по повод 17-годишнината од основањето на Уставниот суд на Република Косово, а ќе собере претседатели и судии на уставни и врховни судови, претставници на европски судски институции, Венецијанската комисија и експерти од областа на уставното право.