Судски совет

Во судството недостига една третина од предвидениот број судии

22.10.2026 17:23

Судството функционира со 65% од потребните судии и 38% од потребните службеници. Ова го покажа годишниот извештај за Судскиот совет, доставен до Собранието. Се бараат и повеќе пари и повеќе човечки ресурси.

За тројца судии се изречени дисциплински мерки парична казна, а разрешени се двајца судии за несовесно работење што укажува дека Советот ја извршувал својата законска обврска за следење на работата на судиите и по однос на нивната одговорност, рече пред пратениците првиот човек на Судскиот совет, Камбовски. Информираше дека недостига една третина од предвидениот број на судии потребен за непречено работење на судската власт. Од предвидените 639 места пополнети се 418. Судството опстанува преку продолжување на мандатите на судиите, со упатување на судии во други судови и со и со оптовареност на постојниот кадар.

Лани 17 судии биле унапредени. Унапредувањето влијае на веќе ограничениот капацитет, остануваат празни места кои се пополнуваат преку Академијата. Немало ниту едно вработување во стручната служба. Немањето пари е причина за работењето и независноста.

Со 8 гласа, Комисијата за политички систем едногласно го усвои извештајот за работењето на Судскиот совет за 2025 година.

Наташа Јанчиќ Менковски