Ново рочиште против 13-те полициски службеници, обвинети за непостапување во случајот со трагедијата во кочански „Пулс“
Ново рочиште против 13-те полициски службеници, обвинети за непостапување во случајот со трагедијата во кочански „Пулс“. Сведоци тврдеа дека виделе како помагале при евакуацијата, расчистувањето на просторот и транспорт на повредените. Родителите реагираа – прашањето е зошто концертот што се одржувал во нелегален објект не бил спречен навреме …

Сведоците на одбраната тврдат дека полицајците помагале во извлекувањето на повредените кога се случил пожарот во дискотеката пулс и ги координирале активностите за извлекување и носење на повредените во болница. Друг сведок пак тврдеше оти ја напуштил дискотеката порано пред да избие пожарот бидејќи некој му кажал оти внатре полицијата врши проверки.
„Имав насока од полицијата повредените да ги носам во болница во Штип, имаше полициски службеници тие ми кажуваа да ги качувам луѓето во возилата“, изјави сведок.
Родителите на загинатите со реакција на сведочењата, велат тоа што им помагале на настраданите не е доказ дека тие не направиле пропусти. Според нив клучното е зошто тие воопшто не го спречиле концертот во објект кој работел незаконски.
Во случајот се обвинети 13 полицајци од Кочани и Штип, а Обвинителството ги товари дека не постапиле согласно акцискиот план поврзан со работата на дискотеката.
Викторија Милевска
