Амандманска расправа за новиот ребаланс на Буџетот
Во собраниската комисија почна амандманската расправа за вториот ребаланс на Буџетот за годинава. Се кратат и приходите и расходите, дефицитот останува на исто ниво. На владиниот предлог има поднесено над 120 амандмани.

Мерките за држење на цените на горивата под контрола ќе ја чинат државната каса над 100 милиони евра до крајот на годината. Направено второ прекројување. Собранието ја почна расправата за новиот ребаланс на буџетот, со кој според министерката за финансии, се врши усогласување на проекциите со реалните економски движења. Димитриеска-Кочоска рече дека ребалансот е во услови на глобална неизвесност и нарушувања на меѓународните пазари на енергенси.
Опозицијата критикува – буџетот е во лоша состојба. Според СДСМ новото прекројување на државната каса е последица на нереалното планирање на приходите, а не само на мерките за намалување на акцизата и ДДВ за горивата.
ВМРО-ДПМНЕ, пак, тврди дека економските политики се водат одговорно и стратешки, со фокус на фискалната консолидација и одржливиот развој, a платите и пензиите продолжуваат да растат.
За вториот ребаланс на буџетот се поднесени 120 амандмани.
Со ребалансот се кратат и приходите и расходите, но дефицитот останува на истото ниво, 4,1% од БДП.
Борис Грујоски
