23 Октомври - Ден на македонската револуционерна борба
Во земјава денеска се одбележува 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба. Ден посветен на сеќавањето на генерациите кои се залагале за политичка слобода и национално самоопределување. Нивните идеи и активности претставуваат дел од историскиот процес што довел до создавањето на современата македонска држава.

Во земјава денеска се одбележува 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, државен празник посветен на основањето на Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација во 1893 година во Солун.
Денот на македонската револуционерна борба е посветен на сеќавањето на генерациите кои се залагале за политичка слобода и национално самоопределување. Нивните идеи и активности претставуваат дел од историскиот процес што довел до создавањето на современата македонска држава.
Во Собранието ќе биде доделена државната награда „23 Октомври“.
На свечената академија што ќе се одржи точно напладне најавено е обраќање на премиерот Христијан Мицкоски.
