Собрание

Доделување на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

23.10.2026 09:41

Актерот Ѓорѓи Јолевски и универзитетските професори Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс се добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година. Признанието се доделува за долгогодишни остварувања во културата и уметноста, односно во науката. Свеченото доделување ќе се одржи денеска во Кристалната сала на Собранието.

Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година ќе биде доделена денеска во Кристалната сала на Собранието. Наградата се доделува за долгогодишни остварувања во науката, културата и образованието, заштитата на државните интереси, како и промоцијата на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство од јавен интерес.

За остварувања во областа на културата и уметноста, добитник е актерот Ѓорѓи Јолевски. Во областа на науката, наградата им се доделува на проф. д-р Стојко Стојков, историчар, и проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, археолог.

Минатата година наградата им беше доделена на актерот Гоце Тодоровски, Александар Кујунџиски, писател за деца и возрасни, Братислав Ташковски, поет, романсиер, драмски писател и новинар, како и на академик Божин Павловски, писател.