Зголемена употреба на дронови по повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба
Паркинг просторот на Музејот на современата уметност за реализирање на свеченост ќе биде обезбеден во периодот од 10:00 до 23:30 часот и за таа цел МВР апелира до граѓаните да ги отстранат возилата од паркингот...

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека во текот на денешниот ден, по повод одбележувањето на државниот празник 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, ќе има употреба на беспилотни летала (дронови) за снимање од воздух.
Паркинг просторот на Музејот на современата уметност за реализирање на свеченост ќе биде обезбеден во периодот од 10:00 до 23:30 часот и за таа цел МВР апелира до граѓаните да ги отстранат возилата од паркингот.
Активностите ќе се реализираат во рамки на планираните мерки поврзани со одбележувањето на празникот, при што на одредени локации ќе биде забележливо зголемено присуство и движење на беспилотни летала.
Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека станува збор за однапред планирани активности и апелира за разбирање, со цел нивно непречено и безбедно спроведување.
