Почна грејната сезона на гас, цената засега стабилна
Почна грејната сезона на природен гас во Куманово. Цената засега е стабилна. Од „Куманово-гас“ не очекуваат драстични поскапувања. Нови институции се вклучуваат во системот, а граѓаните можат да користат субвенции за приклучување на гасоводната мрежа.

Почна грејната сезона на природен гас во Куманово. Цената засега стабилна, иако со побарувачката се очекува благо покачување. Од Куманово гас не очекуваат драстични промени, туку цена слична на минатата сезона, околу 60 денари. Во моментов располагаат со доволни количини. Од оваа сезона гас ќе користат Основниот суд, кумановската полиција, како и агенцијата за вработување, кои од лани се приклучени на мрежата.
„Ние секоја година правиме по одреден број на приклучоци на правни лица, кои главно се наоѓаат во централното подрачје, кои своите капацитети од нафта ги заменуваат со природен гас, знаеме дека природниот гас ослободува помалку јаглерод диоксид. Помалку ПМ10 честички од 400 до 500 пати помалку. Лани грејната сезона дистрибуиравме околу 586 илјади нормални метри кубни тоа се над 580 илјади литри нафта која е заменета со природен гас-истакна директорот на Куманово-гас“, Марко Митровски.
„Куманово-гас“ има 39 правни и 205 физички лица како потрошувачи. Во тек е подготовка на проекти за проширување на мрежата кон индустриските зони Новине, Речици и Доброшане. За граѓаните кои планираат да се приклучат на мрежата, достапни се и две субвенции.
Од Општина Куманово во висина од 25.000 денари за приклучок и од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини во висина од 30.000 денари за домаќинства кои веќе имаат приклучок, но немаат инсталирано гасен котел.
Елена Георгиевска
