СРБИЈА

Во Србија стапи во сила 48-часовниот изборен молк

23.10.2026 12:13

Вчера илјадници поддржувачи на „Студентската листа“ продефилираа низ улиците на Белград кои на крајот се собра на плоштадот Славија...

Во Србија стапи во сила 48-часовниот изборен молк, два дена пред закажаното гласање во Србија. Вчера илјадници поддржувачи на „Студентската листа“ продефилираа низ улиците на Белград кои на крајот се собра на плоштадот Славија. „Студентска листа – студентите победуваат“ е поддржана од студентите и има цел на парламентарните избори во недела да стави крај на владеењето на српска напредна партија на Вучиќ.

„Срцето ти се кине, затоа што сите овие се наши деца. Бев со нив синоќа и малку пешачев. Ова е нешто што мора да се доживее. Ова не може да се прераскаже. Никој не може да го прераскаже, да го опише со зборови. Мора да се доживее, а ние се надеваме дека ќе победиме и ќе успееме. Сигурни сме дека ќе победиме“.

„Погледнете колку луѓе има тука. Видете колку луѓе имаше на 15 март. Погледнете ја таа енергија, таа решителност. На крајот на краиштата, погледнете ја студентската листа. Сè тоа се образовани луѓе, универзитетски професори, експерти во своите области. Сите заедно имаат доволно знаење и образование, верувам, за да го постават системот онака како што треба да функционира и како што им одговара на сите. Значи, без популизам, без ништо слично. Само да се воведе ред и да се овозможи нормален живот“.

Анкетите на јавното мислење покажуваат дека студентската листа и листата „Обединета Србија“ предводена од СНС на Вучиќ се во тесна трка за победа на изборите. Листата „Обединета Србија“ предводена од Александар Вучиќ вчера одржа митинзи ширум Србија.