Најмалку 16 загинати во силен земјотрес во Тибет
Земјотрес со јачина од 7 степени според Рихтеровата скала го погоди планинскиот регион во Тибет. Најмалку 16 лица загинаа, а 65 се повредени, од кои 11 потешко. Урнати се 339 куќи, а повеќе од 12.400 луѓе се евакуирани.

Земјотрес со јачина од 7 степени по Рихтеровата скала го погоди планинскиот регион во Тибет, при што загинаа најмалку 16 лица, а десетици се повредени, според извештаите на кинеските државни медиуми. Центарот на земјотресот го погоди округот Бакен во регионот Нагку во четврток навечер, објави Синхуа, повикувајќи се на локалното биро за Управување со вонредни состојби.
Властите го прогласија инцидентот за вонредна состојба и распоредија спасувачки екипи во погодената област, каде што се повредени уште 65 лица, вклучувајќи 11 лица со тешки повреди. Снабдувањето со електрична енергија е прекинато, а 339 куќи се урнаа во погодениот регион.
Локалните медиуми објавија дека повеќе од 12.400 луѓе се евакуирани по земјотресот.
