Еквадор
Силно невреме со град и поплави го погоди Кито
23.10.2026 15:47
Силно невреме проследено со град, грмежи и пороен дожд го погоди еквадорскиот главен град Кито. Поплавени се неколку улици во северниот дел на градот, а привремено беше прекината работата на неколку метро-станици.

Силно невреме, проследено со град и грмежи, го изненади Кито во четвртокот попладне. Поројниот дожд предизвика поплави на неколку улици во северниот дел на еквадорската престолнина, со што беше отежнат сообраќајот.
Неколку станици на метрото во Кито привремено беа надвор од функција. Надлежните институции ја следат состојбата и ги повикуваат возачите да бидат внимателни.
