Продолжуваат протестите во Тирана
Полицијата употреби солзавец и водени топови за да ги растера насобраните демонстранти. Две недели по насилните демонстрации нема знаци дека протестите ќе се смират...

Нови протести во Тирана, и вчера се бараше оставка од премиерот Рама. Полицијата употреби солзавец и водени топови за да ги растера насобраните демонстранти. Две недели по насилните демонстрации нема знаци дека протестите ќе се смират. Веќе 10 дена, студентите кои протестираат во Тирана бараат подобри услови на универзитетите и поголеми можности за вработување, а нивното незадоволство е поттикнато и од гневот поради корупцијата.
Според албанските медиуми стотици лица се уапсени или повредени за време на протестите, на кои демонстрантите ги блокираат улиците со запалени барикади и користат пиротехнички средства и ласерски покажувачи. Премиерот Рама ги повика демонстрантите на разговори но тие децидно го одбија.
Албанскиот премиер неколку пати повтори оти оставка нема да поднесе.
