Дерби во „црвено-бела“ боја, но без сјај
Вардар со 1:0 победи и во второто дерби против Пелистер во оваа сезона. 43-от меѓусебен натпревар на старите ривали се одигра на стадионот во Ѓорче Петров. Вардар го продолжува лидерството во првенството на Македонија. Пелистер после шест кола го претрпе третиот првенствен пораз, првиот како гостин.Вардарците ја заслужија победата, во целост го надиграа Пелистер. По неколкуте стонастотни шанси, во судиското надополнување од првиот дел, по нафрлувањето на Љамчевски, Петковски ја надвиши битолската одбрана стрелајќи со глава милиметарски точно.

Вардар со 1:0 победи и во второто дерби против Пелистер во оваа сезона. 43-от меѓусебен натпревар на старите ривали се одигра на стадионот во Ѓорче Петров. Вардар го продолжува лидерството во првенството на Македонија. Пелистер после шест кола го претрпе третиот првенствен пораз, првиот како гостин.Вардарците ја заслужија победата, во целост го надиграа Пелистер. По неколкуте стонастотни шанси, во судиското надополнување од првиот дел, по нафрлувањето на Љамчевски, Петковски ја надвиши битолската одбрана стрелајќи со глава милиметарски точно. Се покажа дека е тоа моментот на одлука во дербито.
Пелистер се потврди како екипа која има добра одбрана и прима малку голови, но потфрли во останатите елементи во играта не создавајќи ниту една шанса за гол! Битолчани имале многу подобри настапи во Скопје.Дербито со мал број на гледачи, без вистински амбиент на трибините , само делумно ги оправда очекувањата. Во средината од првото полувреме натпреварот 7 минути беше во прекин. Судијата Јакимовски од Скопје го прекина поради скандирања од страна на вардаровите навивачи „Комити“, упатени против актуелното раководство на Фудбалската федерација на Македонија. Организирана навивачка група од Битола немаше.
Прва лига:10 коло
Вардар-Пелистер 1:0 стрелец Петковски 45+5 мин.
Утре: 15.00 часот
Тетекс-Ренова
Металург-Работнички
Хоризонт-Силекс
Брегалница-Шкендија
