Економија

Циркуларната економија на Западен Балкан зема замав

24.10.2026 11:44

Циркуларната економија, тренд во Европа, зема замав и во земјите на Западен Балкан. Прилеп е меѓу лидерите. Има иницијативи и идеи, треба заеднички пазар и финансиска поддршка. Неодамна во Приштина се одржа саем на циркуларната економија од земјите на Западен Балкан.

Прилеп се закити со признание дека е лидер во земјите од Западен Балкан во циркуларната економија при селектирањето на отпадот. Градот сака да ја унапреди и секундарната селекција.

Циркуларната економија зема замав.

Потребно е заедништво за пазарот и за размена на искуствата.

Циркуларната економија на Западен Балкан го фаќа чекорот со Европа. Има иницијативи и оригинални бизнис идеи. Потребна е и финансиска поддршка.

„Ние сè уште се движиме да ја осознаеме циркуларната економија во концептите на секојдневното живеење и во претставувањето како бизниси. Примерите и презентираните бизниси се продуктивни“, изјави Урим Џаравина, извршен директор на „Зелена обнова, Приштина.

Циркуларната економија допрва ја чека својата експанзија.

Елизабета Митреска